ФФРМ една деценија ги едуцира земјоделците

58

Федерацијата на фармерите на Македонија (ФФРМ) вчера одбележа 10 години од основањето и пет години од издавањето на списанието Моја земја. Според претседателот на ФФРМ, Андреја Секуловски, во изминатата деценија Федерацијата стана организација препознатлива и достапна за земјоделците и работеше на подобрување на информираноста, едукацијата и обединување на сите субјекти инволвирани во земјоделскиот сектор. Секуловски оцени дека земјоделците само здружено можат да ги остварат своите права и интереси, а создавањето модерно и профитабилно земјоделство е сложен и долг процес

За министерот за земјоделство Љупчо Димовски, Федерацијата е пример како невладиниот сектор ги интегрира македонските земјоделци и во соработка со Владата и ресорното Министерство, активно креира платформа за унапредување и развој на земјоделското производство во државата.