Фото: Youtube
Францускиот синџир на продавници Castorama создаде тапети што “оживуваат“ со помош на таблет или мобилен телефон.
Карактерите што ги красат ѕидовите во детската соба, може да се скенираат еден по еден со што се создава сосема нова приспивна приказна.
Родителите може да скенираат два различни карактера и на тој начин да се добие сосема нова приказна за децата.
Зад оваа креативна кампања стои француската маркетинг агенција TBWA.