Фото: Facebook
Шведскиот старт – ап Flypulse создаде беспилотно летало што може да се користи во медицински цели. Главна придобивка од користење на дронот е тоа што на местото каде што е неопходно пристигнува за четири пати побрзо за разлика од амбулантно возило, пишува Design Boom.
Во дронот е сместен автоматски надворешен дефибрилатор со чија помош ќе може да се понуди прва помош на пациенти што доживеале срцев удар.
Од Flypuse сметаат дека времето за реакција во итни случаи со нивниот дрон ќе се сведе на три минути.