Понудите за Optic пакетите од Македонски Телеком продолжуваат до 30 јуни 2013 година. До 30 јуни корисниците можат да пробаат Optic пакет со интернет со брзина на светлината без никаква доплата. Со Optic пакет со договор на една или две години, се добива 300 денари попуст на првите 2 месечни надоместоци, така што се плаќа исто колку за пакет врз база на ADSL. Во секое време во текот на договорот може да се мигрира без пенали во друг Optic или ADSL пакет со договор на една или две години.
Корисниците добиваат бесплатна втора телефонска линија со посебен број за која никогаш нема да плаќаат надомест доколку склучат договор до 30 јуни 2013. Повиците помеѓу основната и втората телефонска линија се бесплатни и со можност да се користат како домофон или baby phone.
Освен овие бенефиции, се добива и бесплатна инсталација на опремата во домот и поврзување на опремата со компјутер.
Освен овие поволности, Optic пакетите стандардно нудат: интернет со појдовна и дојдовна брзина до 60 мега-бити во секунда (Mbps), неограничен интернет сообраќај, најстабилна интернет врска досега, бесплатни ТВ канали во HD резолуција, и од неодамна можност за гледање телевизија на 4 медиа приемници истовремено.
Повеќе информации за Optic пакетите на www.t-home.mk