Проектот коцкарници Еуровегас во Унгарија, кој би требало да биде најголема инвестиција во туризмот, би требало да почне оваа година.
Зад проектот стојат австриската групација Асамер, која се занимава со недвижности и компанијата Хард Рок Интернационал. Инвестицијаат ќе изнесува 300 милиони евра, а ќе се гради на 16 хектари. Оваа инвестиција која ќе биде на Австро-унграрската граница треба да биде најголема инвестиција во туризмот во Европа. Во Еуровегас ќе бидат вработени 1.200 лица.