Во последната колекција за мажи на модната куќа Hermes се најде и една навидум обична маичка со кратки ракави, но со многу невообичаена цена – 91.500 долари. Што го прави ова мало парче облека толку скапо? Таа е целосно изработена од крокодилска кожа.
Луксузната маичка за прв пат беше промовирана минатата есен за време на модното шоу Spring 2013, како дел од колекцијата со крокодилска кожа.
Скапото парче облека неодамна беше изложено за продажба во продавницата на Hermes на Madison Avenue во Њујорк. Само таксата на маичката чини неверојатни 8.000 долари, како што може да се види на случајно направената фотографија.