US group заинтересирана за производство на Black Hawk хеликоптери во Романија

62

1488221351704

Фото: Lockheed Martin

Американскиот производител на хеликоптери Sikorsky, контролиран од групата Lockheed Martin, размислува за производство на S-70 Black Hawk хеликоптери во Романија. Производството би било во Брашов или Крајова, ако армијата го избере овој модел за замена на старата флота на Puma хеликоптери. Sikorsky веќе имале неколку разговори со романските власти во последната година ипол, пишува Romania Insider.

US group има фабрика во Југоисточна Полска и таа во моментов е единствената производна единица надвор од САД. Во оваа фабрика се произведуваат преку 40 Black Hawk хеликоптери за клиенти како Саудиска Арабија, Обединети Арапски Емирати, Турција или Јужноамериканските земји.