Хјундаи и Киа повлекуваат 1,9 милиони возила

46

Hyundai KiaКомпаниите Хјундаи и Киа повлекуваат од пазарот во САД скоро 1,9 милиони возила поради проблеми со воздушните перничиња и прекинувачите за светлата за сопирачки.

Според американските регулатори за безбедност, неисправните прекинувачи спречуваат светлата за сопирачки да се запалат кога возачот ја стиска педалата за кочење. Јужнокорејските произведувачи ќе ги информираат сопствениците и бесплатно ќе ги заменат неисправните прекинувачи.

Хјундаи поради овој проблем ги повлекува моделите Accent, Tucson, Elantra, Sonata, Santa Fe, Veracruz и Genesis Coupe, додека Киа ги повлекува Rondo, Sportage, Optima, Sorento, Soul и Sedona.

Хјундаи исто така ќе ги повлече сите возила од типот Elantra произведени во последните две години затоа што при активирање на страничните воздушни перничиња може да испадне носачот и да ги повреди луѓето во возилото.