Фото: Indiegogo
Tersa Steam е уред што го скратува времето и енергијата што се губи при перење и пеглање на облеката. Станува збор за уред што за 10 минути прави суво перење на облеката, ја парфемира и ја пегла.
Користи дестилирана вода и природни материјали што ја освежуваат облеката. Сè што треба да на прави корисникот е да ја закачи облеката што сака да ја третира, да одбере капсула со арома, да се постави на соодветно обележано место и да се затвори. Остатокот од работата е на Tersa Steam.
Овој систем за чистење на облека е дело на американски старт – ап што го претстави својот изум на глобалната платформа за групно финансирање Indiegogo. На 14 дена пред крај на кампањата, стартапот успеа да собере над 56.830 долари иако првично побара 30.000 долари.