Twistron – предиво што создава електрична енергија

77

rope-1031045_960_720

Фото: Pixabay

Научници од Универзитетот во Тексас креираа специјално предиво од јаглеродни наноцевки што произведува енергија, пишува Tech Crunch.

Предивото го носи името twistron и станува збор за многу цврст и флексибилен материјал што генерира електрична енергија при истегнување. Ултра тенките јаглеродните наноцевки се извиткани така што може да обезбедат спроводливост.

Според научниците, добивање на електрична енергија од движењето на човекот е само една од стратегиите за да се елиминира потребата од батерии. Овие предива произведуваат речиси 100 пати појака енергија, во споредба со други слични ткаенини.

Тимот веќе ја патентираше технологијата, но ќе биде потребно време пред да може истата да се види на дело.