Фото: Pixabay
Производителот на електрични уреди, Mitsubishi Electric го претстави новиот клима уред Mitsubishi Kirigamine FZ, којшто има вградена вештачка интелигенција, пишува Psfk.
Технологијата ја одредува температурата во собата, надворешната температура и сончевата радијација врз собата однадвор. Користејќи ги овие информации, вештачката интелигенција ги прилагодува двата вентилатори со цел да обезбеди идеална температура за корисникот.
Уредот е, исто така опремен со инфрацрвен сензор дизајниран да ги скенира дланките и стапалата на луѓето кога влегуваат во собата. Со тоа ја одредува нивната температура и одредува дали на личноста ѝ е удобно. Ако во собата има повеќе луѓе клима уредот постојано ја следи температурата на сите и ја прилагодува по потреба.