Нови правила во лидерството

69

liderstvo

Фото: Pixabay

Барањата на глобалната, жедна за таленти економија толку брзо се разиваат и зголемуваат, што успехот во голема мера зависи од постојаното учење. Заостанувањето во тој процес може лесно да ве исфрли од колосек.

Целта е да се интегрира учењето во културата и работењето на компанијата. Сите сетила треба да бидат максимално искористени, очите фокусирани на хоризонтот, ушите допрени на земјата, а со носот да го чувствувате ветерот. Потребите на вашата компанија постојано се менуваат и токму затоа вие треба да сте секогаш чекор понапред.

Како? Со самото тоа што ќе сознаете дека промените се случуваат во молскавична брзина, дека новите технологии можат да ги разнишаат и најдобро смислените планови и дека конкуренцијата е безмислосна, вие сте на добар пат кон напредок.

Технологијата ги направи границите безначајни, денес секој може да дознае се и да пристапи до секого. Вработените, партнерите, клиентите, па дури и конкуренцијата може да има увид во она што го работите. Затоа од суштинско значење е да бидете максимално интегрирани во тој светот на новите технологии и социјалните медиуми.

Друга клучна работа со која мора да бидете во тек е талентираните работници. Во денешно време талентот е бесценет. Конкуренцијата да се вработи најдобриот е навистина голема. Секаде се бараат супер креативците кои одлично се снаоѓаат и со најмодерната технологија. Се што е обично, традиционално и без доволен предизвик може само да ги одврати овие таленти од вашата компанија. Затоа бидете флексибилни и створете такво работно место каде најдобрите вработени ќе можат да ја покажат својата способност, а вие да напредувате како лидер. Во спротивно талентите ќе ве напуштат за онаа компанија што ќе створи подобри услови од вас.

Која е вашата задача? Бидете постојано во тек со работите, размислувајте глобално, информирајте се за новитетите во технологијата, не само вие лично, туку целата компанија и сите оние кои имаат некаков придонес на патот кон успехот.

Направете список од сето она што превземате во насока на учење и усовршување. Бидете концизни. Добро прегледајте ги оние области на кои треба повеќе да обрнете внимание и не чекајте ни момент да го сторите го тоа.