Фото: Pixabay
Наскоро ќе можеме да праќаме текстуални пораки и мејлови преку мислите. Звучи неверојатно, но Ctrl-Labs, старт – ап со седиште во Њујорк, има идеја како да го изведе тоа. Тимот моментално работи на уред за рака којшто ќе ја претвори оваа замисла во реалност, со помош на технологија што чита мозочни бранови, пишува New York Post.
Технологијата може да генерира текст преку собирање на сигнали што човечкиот мозок ги праќа кон прстите, од најмало движење до тресење на прстот. Направата што за оваа цел ја користи стартапот е еден вид на електромиографска лента што ги следи движењата на мускулите на дланките.
Ова значи дека корисникот ќе може да пишува пораки без да користи тастатура и да создаде текст само преку мислите. Основачите на компанијата, докторите Патрик Каифош и Томас Рирдон, се надеваат дека оваа технологија ќе стане секојдневие до 2020 година.