Фото: Youtube
Pepper X е името на новата чили пиперка што ќе го собори Гинисовиот рекорд за најлута пиперка во светот, пишува Konbini. На Сковиловата скала (Scoville), којашто ја мери лутината на пиперките според количината на капсаицин во нив, Pepper X ги соборува претходните рекорди поставени од Dragon’s Breath со 2,48 милиони единици и Carolina Reaper со 2,2 милиони единици.
Пиперката е производ на познатиот одгледувач на овој зеленчук, Ед Кури на кој му беа потребни 10 години за да го добие финалниот производ. Pepper X, според Сковиловата скала има лутина од неверојатни 3,18 милиони единици.
Ед Кури ја произведе и Carolina Reaper што моментално е на трето место според скалата за лутина.
Пиперката, заедно со уште неколку состојки, е составен дел на сосот The Last Dab – производ на компанијата Puckerbutt Pepper.
Сосот може да се нарача ексклузивно од Heatonist.com.