Фото: ETH Zurich
Научници од Швајцарија создадоа биоразградлив термо сензор што се става на храна и го следи нејзиниот квалитет од почетната точка на транспорт до вашата маса, пишува Tech Crunch.
Ултра тенкиот сензор е дело на Џовани Салваторе, истражувач од академијата ETH Zurich, а изработен е од материјали што човечкото тело може лесно да ги обработи.
Минијатурниот уред е дебел 16 микрометри или колку за споредба едно влакно од човечка коса има дебелина од 100 микрометри. Сензорот е изработен од магнезиум, силициум диоксид и нитрид, коишто се безопасни, и разградлив полимер од пченкарен скроб и скроб од компир којшто ги држи сите состојки заедно.
Откако ќе се стави сензорот на било која храна пред нејзин транспорт се следи температурата на храната и онаа на воздухот во транспортното возило и се гледа дали има некаква промена.