Фото: Evoware
Еvoware, компанија од Индонезија изработува биоразградливи амбалажи и разни пакувања за храна и пијалаци што можат да се јадат. Тие се целосно еколошки и здрави за организмот, се раствораат во топла вода, не ја загадуваат околината и се природно ѓубриво за растенијата. Можат да траат две години на собна температура.
Компанијата соработува со локални земјоделци кои одгледуваат морска трева, материјалот од којшто се изработени амбалажите. Содржат големо количество на влакна, витамин Ц и минерали.
Доколку корисникот сака може да се изработат со специјален вкус, боја и лого. Компанијата моментално нуди две биоразградливи пакувања за сапун со различни големини и обвивки што се јадат, погодни за завиткување на разни сендвичи, леб, како и амбалажи за кафе, салати, житарки, чаши за пијалак и слично.