Фото: Microsoft
Компанијата Microsoft за своите вработени изгради три куќички на дрво во кругот на своето претставништво во Редмонд во државата Вашингтон. Две од куќите се веќе отворени за вработените, а третата треба да биде завршена до крајот на годината.
Куќите ги дизајнира Пит Нелсон, водител на емисијата Treehouse Masters што се емитува на Animal Planet, а треба да траат 20 години.
Со градењето на куќите од компанијата сакаат вработените да се приближат кон природата и да им обезбеди поудобно и релаксирано деловно опкружување. Истите се опремени со безжичен интернет и електрични приклучоци, клупи, камини и надворешна Wi – Fi мрежа.