
Американската фармацевтска компанија Фајзер денес ја зголеми својата прогноза за приходите и прилагодената добивка за 2026 година, по силните резултати во третиот квартал благодарение на поголемата побарувачка за понови лекови.
Компанијата сега очекува нејзините годишни приходи да бидат помеѓу 62 и 64 милијарди долари, додека претходната прогноза беше од 60,5 милијарди до 62,5 милијарди долари, според Блумберг.
Очекуваната прилагодена заработка по акција се зголеми од опсег од 2,80 до 3,00 долари, од 2,95 до 3,05 долари.













