
Германскиот производител на автомобили „Мерцедес-Бенц“ денес објави дека ја продал својата европска мрежа на брзи полначи за електрични автомобили на францускиот оператор „Електра“, без да ја открие вредноста на трансакцијата.
„Електра“ ќе преземе 47 паркови за полнење на компанијата „Мерцедес-Бенц“, со вкупно 374 точки за полнење, објави „Виршафтсвое“.
„Мерцедес-Бенц“ објави дека претходно активно учествувал во развојот на инфраструктурата за брзо полнење, како преку сопствена мрежа, така и преку инвестиции во други проекти, но во исто време забележа дека пазарот значително се променил во меѓувреме.











