Concept – i Walk: Иновативен уред за движење на Toyota

51

toyota

Фото: Youtube

Јапонскиот производител на автомобили Toyota креираше концепт – уред за движење наречена Concept – i Walk, пишува TechCrunch. Дизајнот овозможува лесно ракување од страна на корисникот, со помош на еден џојстик и за навигација и за забрзување.

Concept-i Walk умее автоматски да предвиди и избегне судири. Кога ќе детектира опасност, преку своите вградени сензори, алармира и автоматски ги избегнува препреките на патот.

Нема потреба од прилагодување на тежината, како кој останатите слични уреди. Ова е овозможено благодарение на рачката за управување којашто е сместена во висина на стомакот на корисникот и нема потреба од дополнителен напор при возењето.

За да се движи Concept-i Walk корисникот треба само лесно да го мрда зглобот на раката, налево или надесно. Мини возилото има три тркала за стабилност при сопирање, а со едно полнење може да помине 19 километри.