Stitched – футрола за смартфон што чисти ткаенина и меки материјали

41

kk

Фото: Indiegogo

Stitched Products, старт – ап со седиште во Лос Анџелес, создаде стилизирана футрола за iPhone што истовремено е и чистач на прашина, влакна и слична нечистотија.

Благодарение на антибактерискиот конец, Stitched не дозволува бактерии на облека, на седиштето во автомобилот, а го чува безбеден и смартфонот на корисникот. Футролата е изработена од специјален материјал што со леснотија ја отстранува нечистотијата само со еден потег, а за да се исчисти футролата, корисникот треба само да помине врз неа со раката во обратен правец.

Дебелината на Stitched е само два милиметри, но е доволно силна да издржи удар и пад. Футролата има и дополнителен заштитен слој што не дозволува кршење на екранот.

Производот има своја кампања на платформата Indiegogo каде досега има собрано 9.613 долари, а потребни се 20.000 долари. Кампањата трае уште 17 дена.