Фото: Eastscience
Голем тематски парк за виртуелна реалност ќе се отвори во Кина наредниот месец. Паркот, наречен East Valley of Science and Fantasy, е дизајниран да биде свет на научна фантастика и во него ќе има сали за рекреација, кино сали, ресторани и детско катче.
Посетителите ќе може да патуваат во иднината, да се борат со змејови, да летаат во вселената со помош на технологијата за виртуелна реалност, пишува The Shanghaiist.
Во паркот има 53 метри висок робот којшто е изграден од 750 тони челик и градби што изгледаат како вселенски бродови.
Кога ќе влезат во паркот на посетителите ќе им бидат дадени очила за виртуелна реалност што ќе им помогнат да остварат интеракција со средината. Исто така. ќе може да се возат и на виртуелна луда железница.