Фото: Twitter
Илон Маск го претстави новиот концепт на електричен камион под името Tesla Semi, а ќе ги произведува Tesla Motors.
“Тоа не е како секој камион што некогаш сте го управувале“, вели Маск.
Tesla Semi ќе може да помине околу 800 километри со едно полнење на батеријата. Од компанијата најавија дека производството на електричниот камион ќе започне во 2019 година, пишува BBC.
Камионот на електричен погон може да постигне брзина од 96 километри на час за 20 секунди.