САД: Научници развиваат растенија што ќе детектираат биолошки опасности

46

moss-2942497_960_720Фото: Pixabay

Истражувачи од DARPA, американската владина агенција за истражување создаде нова технологија, наречена Advanced Plant Technologies (APT) што има за цел да ги искористи растенијата како детектори на опасности, пишува Engadget.

Растенијата природно реагираат на дразби и промени во околината. Намерата на APT е да ги контролира стимулансите на коишто растенијата реагираат (и начинот на којшто тоа го прават) преку генетска манипулација.

Идејата е дека овие растенија во иднина ќе бидат самоодржливи и ќе можат да функционираат како детектори на хемикалии, патогени, радијација и слично од својата природна средина.

Научниците и истражувачите кои работат на оваа технологија имаат за цел да создадат растение чија што функција како сензор нема да има ефект врз здравјето и животниот век на самото растение.