Компанијата Термо Систем на македонскиот пазар успешно постои веќе 15 години. За сите овие години визија беше јасна – стремеж за придобивање на задоволни купувачи, со понуда на квалитетни производи и одлична услуга.
Поради широката палета на производи од познатите светски брендови како: Giacomini, Bosch, Daikin, Enrad, Wilo, Rothenberger, Siemens, Fondital, Varmo и многу други, Термо Систем стана препознатлив по врвниот квалитет и се здоби со многу признанија по највисоките светски стандарди.
“Овие 15 години се грижиме за вас и за вашите домови, преку креирање на идејни решенија за греење, климатизација, водовод и соларни системи. Нашиот успех го мериме преку задоволството на нашите клиенти кои секојдневно ги испраќаме со насмевки на лицата. Ја креираме нашата историја низ годините, сè со цел да им се доближиме на нашите корисници преку различни активности. Во нашата работа се стремиме кон интегрирање на опрема со најнова технологија како и работење по највисоки стандарди за квалитет“, велат од компанијата.
Од неодамна, компанијата располага со нов изложбен салон, опремен со различна палета на производи, енергетски ефикасни, нови софистицирани системи со цел да одговорат на секаков профил на купувач.
Новиот мултифункционален простор одговара на секојдневните барања на купувачите за сите системи на греење и ладење. Тука има место и за оние кои бараат иновативни системи со висока енергетска ефикасност и за клиентите кои уредуваат или инвестираат во деловни или станбени објекти.
Крајна цел на компанијата е кај купувачите да се создаде чувство дека инвестираат во високо квалитетни производи, коишто пред сè се енергетски ефикасни, ја заштитуваат животната средина и се долготраен производ за идните генерации.
Но, работата на Термо Систем не застанува тука 🙂 Во иднина продолжува со многу работа и труд да ги задоволува потребите и барањата на купувачите, да ги нуди сите решенија што би го олесниле и зголемиле квалитетот на животниот стил.