Фото: Youtube
Американската агенција за храна и лекови даде зелено светло за поставување на KardiaBand – ЕКГ читач за часовниците на Apple. Сензорот е дело на AliveCor и заедно со апликација го детектира неправилното работење на срцето, пишува The Verge.
Корисникот треба само да го допре читачот и добива резултати од ЕКГ-то за само 30 секунди коишто потоа можат да се испратат кај доктор. Со помош на вештачка интелигенција, KardiaBand може да го предвиди и анализира срцевиот ритам и кај болни и кај здрави луѓе. Овој уред може многу да помогне за брзо дијагностицирање на аномалии и со тоа да спречи поголем здравствен проблем.
AliveCor, исто така, претстави и нова функција на својата апликација Kardia, наречена SmartRhythm, којашто користи вештачка интелигенција за да анализира податоци од срцевиот ритам измерен на часовникот и сензорите што ја следат активноста на корисникот.
Нејзината цел е да ја процени поврзаноста помеѓу отчукувањата на срцето и активноста и доколку нешто не е во ред да го предупреди корисникот да направи уште едно ЕКГ. Посебнаta функција за препознавање на говор им овозможува на пациентите да ги опишат своите симптоми на часовникот.
Апликацијата потоа прави анализа врз основа на податоците.