Основачот на Benetton, на 82 години се враќа за да ја спаси компанијата

57

beneton

Фото: Facebook

Основачот на компанијата за облека Benetton, 82-годишниот Лучијано Бенетон го најави своето враќање во компанијата којашто се соочува со финансиски проблеми, пишува Bizcommunity.

“Во 2008 година, ја оставив компанијата со добивка од 155 милиони евра, а сега се враќам назад со 81 милиони евра загуба од 2016 година. Оваа година ќе биде уште полошо“, вели Бенетон.

Милијардерот, кој ја основа компанијата препознатлива по своите “живи“ бои и дезени во 1965 година и беше претседател на Benetton од 1978 до 2012 година, вели дека додека другите ги имитирале, United Colors ја изгубил својата боја.

Излозите на продавниците кои некогаш биле полни со светлина станале темни, а како најлош грев го наведува престанокот на производство на џемпери.

Бројот на вработените во Benetton падна од 9.766 во 2008 година на 7.328 во 2017 година.