Life Clock – часовник што се трансформира во кутија за прва помош

123

h

Фото: SWNA

Дизајнерското студио SWNA, со седиште во Сеул, креираше часовник што истовремено е и кутија за прва помош, пишува Dezeen.

Life Clock во себе содржи различни алатки коишто можат да се најдат во случаи на природни катастрофи. Тимот на студиото имаше за задача да креира уред или направа што се вклопува во ентериерот на домовите и е опремен со потребните алатки за прва помош.

Life Clock на прв поглед изгледа како сосема обичен часовник, но кога ќе се отвори кутијата содржи батериска светилка, алуминиумска прекривка, свирче, супер лепак, завој за преврски, картичка со лични медицински информации и упатство за справување во итни ситуации.

Часовникот го има во сина, црвена и сива боја, а секој предмет во него беше одбран по консултации со медицински експерти и други луѓе кои имаат искуство со справување во тоа поле.