Walt Disney за 52,4 милијарди долари го купува 21st Century Fox

54

dizni

Фото: Walt Disney

Компанијата Walt Disney  купува поголем дел од компанијата 21st Century Fox  за 52,4 милијарди долари. Disney ќе купи телевизиски студија, кабелски телевизиски мрежи и меѓународен телевизиски бизнис.

Договорот вклучува и 39% од акциите на Fox во сателитскиот телевизиски канал Sky и филмското студио 20th Century Fox. Fox News и Sports кои не влегуваат во договорот ќе формираат нова компанија.

Со оваа аквизиција завршува ерата на постојано проширување на медиумската империја на Руперт Мардок, кој неодамна наполни 86 години, пишува BBC.

Мардок на 21 година наследува австралиски весник од неговиот татко и тогаш почнува да гради новинска и филмска империја.

Директорот на Disney, Боб Игер кој има 66 години ќе остане на оваа функција до 2021 година за да ја надгледува интеграцијата на Fox.