Индија ќе ја добие најголемата фабрика на сончева и ветерна енергија

89

pexels-photo-421888

Фото: Pexels

Андра Прадеш, сојузна држава во Индија, ќе стане дом на најголемата фабрика во светот што комбинира сончева енергија и енергија на ветрот, пишува Cleantechnica.

Мега проектот, којшто е финансиран и од Светска банка, ќе има капацитет од 160 мегавати и ќе се протега на простор од 405 хектари. За реализацијата се очекува да бидат потребни 155 милиони долари.

Зад нејзината изградба ќе стојат индиската корпорација за сончева енергија (SECI), агенцијата за обновлива енергија на Андра Прадеш, NREDCAP и компанијата Andhra Pradesh Transco.

Проектот се очекува да располага со 120 мегавати сончева енергија и 40 мегавати енергија на ветрот, а ќе има и батериски систем за да може да работи и преку ноќ.

Владата на Андра Прадеш се обврза до 2020 година фабриката да има капацитет од 10 GW сончева енергија и осум GW енергија на ветрот.