Десет земји каде се живее најдолго

20

pexels-photo-264073Фото: Pexels

Светскиот економски форум објави листа на земји со најдолг и најкраток животен век. Првите десет држави се наоѓаат во Европа и Азија, додека последните десет, од вкупно 137 земји, се во Африка.

Според листата, жителите на Хонг Конг имаат најдолг просечен животен век или 84,3 години, додека Свазиленд е на последно место со просечен животен век од само 48,9 години.

Погледнете кои земји се најдоа во топ десет.

       1. Хонг Конг – 84,3 години

       2. Јапонија – 83,8 години

       3. Италија – 83,5 години

       4. Шпанија  – 83,4 години

       5. Швајцарија  – 83,2 години

       6. Исланд – 82,9 години

       7. Франција – 82,7 години

       8. Сингапур –  82,6 години 

       9. Шведска  – 82,6 години

       10. Австралија – 82,5 години

Од земјите во регионот најдобро рангирана е Грција, којашто ја зазема 21-вата позиција поради просечниот животен век на населението од 81,6 години. Потоа следат: Словенија (29-то место) – 81,1 година; Албанија (39-та позиција) – 78 години; Хрватска (43-та земја во светот) – 77,3 години; Босна и Херцеговина (49-то место) – 76,6 години; Црна Гора (50-та позиција) – 76,3 години; Србија (58-мо место) – 75,5 години; Турција (59-та позиција) – 75,4 години и Бугарија (74-та земја во светот) – 74,5 години. Нашата земја ја нема на оваа листа.