Фото: Pixabay
Постигнување на посакуваната продажба и одржување баланс на трошоците е она што извршните директори мораат да го исполнат за да ги задоволат заинтересираните страни. Но, кога станува збор за вработените, треба многу повеќе од тоа. Што е потребно за директорите да ја уживаат нивната почит и да бидат популарни во компанијата, дознајте во продолжение.
Ефективно лидерство
Да, карактерот е многу битен, но директор треба да биде пред се ефективен лидер и да биде успешен во бизнисот. Без разлика колку е добар и фин, ако бизнисот трпи загуби и стои на несигурно тло, тој директор или директорка сигурно нема да ја добијат посакуваната почит од вработените.
Претприемачки дух
Дури и ако сте на челната позиција со години, или ако сте директор на една од најдобрите компании во моментот, поседувањето на претприемачки дух е една од карактеристиките што секој извршен директор мора да ја поседува. Страста и вербата во она што го работите треба секогаш да се присутни и на највиско ниво.
Инвестирање во корпоративната култура на компанијата
Корпоративната култура во секоја компанија е различна, но заедничко на добрите директори е безрезервно верување и поддршка на сето она што може таа да претставува во компанијата. Вработените ги сакаат оние компании што имаат луѓе на чело кои разбираат колку е важна работната етика и спремни се да инвестираат во неа. Луѓето сакаат да работат во места каде можат со задоволство да ги покажат и развијат своите способности, а не само да ја чекаат платата за следниот месец.
Самодоверба зачинета со скромност
Некои од најдобрите извршни директори се оние кои не се ставаат себе си на пиедестал, наместо тоа, зрачат со голема самодоверба и се достапни за другите во секое време. Тие се паметни, настојчиви, но истовремено скромни и добри слушатели. Вработените сакаат директори кои постапуваат етички, имаат смисла за хумор, добри визионери и дискретни во своето однесување.
Присуство надвор и внатре во компанијата
Еден од мотивите за избор на компанијата е престижот. Па така, ако извршниот директор на фирмата е популарен и успешен, тоа ќе придонесе вработените да сакаат да останат таму, а останатите да посакуваат да се вработат на тоа место. Секој вработен сака да има добар, успешен и популарен газда, за кој со задоволство ќе чита во пишаните и ќе го гледа на телевизиските медиуми. Одвреме навреме директорот треба да прошета низ канцелариите, односно низ местата каде што се вработените и да даде до знаење колку тој/таа ги цени луѓето што вредно работат за компанијата. Мала доза на внимание е секогаш добредојдена.