Vip со постпејд тарифи без обврски за времетраење на договорот

51

surfaj-od-mobilen-v2Сите нови постпејд корисници имаат можност да изберат од новите Vip Free + постпејд тарифни модели кои нудат неограничена комуникација, при што најголемата предност е можноста корисниците да уживаат во слободна комуникација без обврски за минимално времетраење на договорот, соопштија денес од Vip.

Во зависност од избраниот тарифен модел, покрај неограничените бесплатни минути во мрежата на Vip и бесплатни минути кон сите мрежи, операторот им нуди на корисниците и бесплатни SMS пораки, бесплатни минути и SMS пораки за меѓународен сообраќај, како и вклучен 3G интернет.

“Најновата постпејд понуда, без временски ограничувања и обврски, е уште едно иновативно решение излезено од Vip кое поставува нов стандард на македонскиот пазар на телекомуникациски услуги и јасно ја покажува нашата посветеност кон корисниците кои во изминатиот период во континуитет ги препознаваа вредностите и предностите на Vip”, изјави Никола Љушев, главен извршен директор во компанијата.