Nestle го продава кондиторскиот бизнис во САД на Ferrero за 2,8 милијарди долари

40

chocolate-bar-1636220_960_720

Фото: Pixabay

Швајцарскиот гигант Nestle го продава својот бизнис со слатки во САД на италијанската компанија Ferrero за 2,8 милијарди долари, јавува Reuters.

За Nestle ова е обид да се преориентираат кон поздрави производи, а за Ferrero шанса побрзо да се пробие на пазарот каде што минатата година склучи две други зделки. Производителот на Nutella со ова ќе стане трета најголема компанија во САД и светот.

Nestle, поттикната од потребата на потрошувачите за здрава, нутритивна храна, го пренасочи своето производство токму кон овој тип на производи. Сепак, од компанијата велат дека остануваат верни на кондиторскиот пазар надвор од САД.