Хидробот – мини робот што работи со помош на влага

83

f5-large

Фото: Science Robotics

Научници од Универзитетот во Сеул, Јужна Кореја, создадоа мини роботи што можат да се движат преку апсорбирање на влага од околината, пишува The Verge. Според нивниот труд објавен во Science Robotics, таканаречените хидроботи умеат да лазат, да се помрднуваат напред назад и да се виткаат како змија. Научниците планираат мини роботите да послужат за разни примени, вклучувајќи и испорака на лекови преку кожата кај луѓето.

Тимот доби инспирацијата за овој дизајн од растенијата и нивната способност да менуваат облик и форма преку апсорпција на вода од почвата или воздухот.

Хидроботите ги имитираат овие движења, но не се изработени од растителен материјал. Она што е добро кај нив е што користат природен извор за енергија, а не батерии коишто се сами по себе токсични. Таа карактеристика е клучна кога станува збор за нивна употреба во човечкиот организам.

Изработени се од два слоја од нановлакна од кои едниот собира влага, а другиот не. Кога роботот е поставен на влажна површина слојот што апсорбира влага го бутка другиот слој и така мини уредот се придвижува.

Во иднина овие хидроботи ќе бидат опремени и со сензори што реагираат и на други гасови, а не само на пареата од водата.