Фото: Pixabay
Стратегија е план на дејствување направен за да постигне специфична цел. Таа е обид за да се добие позиција на предност над конкуренти или противници.
Стратегијата не е неменлив план, туку палета на опции, односно стратешки избори.
Корпоративна стратегија
Во бизнисот, корпоративната стратегија е целокупната стратегија на една организација којашто е составена од повеќе деловни единици, коишто дејствуваат на повеќе пазари. Таа одредува како корпорацијата, како целина, ја поддржува и зголемува вредноста на деловните единици во неа.
Постојат повеќе нивоа на стратегија во бизнисот. Секоја од нив има различен фокус, потреби и користи различни алатки и вештини.
Корпоративната стратегија се однесува на организацијата во целина, додека стратегијата на бизнис единицата се фокусира на одредена деловна единица или пазар. Постои и тимска стратегија, или начини со коишто тимот и помага на организацијата да ги оствари своите цели и намери.
Стратегија и стратешки план
Стратегијата има пет клучни елементи според коишто се разликува од останатите видови на планирање. Таа е одлука којашто ќе придонесе за значајни промени во долгорочното работење на организацијата. Токму затоа нејзиното спроведување може да дојде само од висок претставник од раководството.
Секоја одлука одобрена од страна на раководно лице на висока позиција, чии ефекти се значајни и долгорочни и е придружена со интегрална анализа на ризик е стратешка.
Стратешкиот план се состои од мал број на стратешки одлуки, коишто заедно имаат значителен ефект врз долгорочното работење на компанијата. Тој план вклучува и интегрална анализа на ризик и е одобрен од извршниор директор на организацијата. Во некои случаеви тоа може да биде друго раководно тело.