Фото: Pexels
Луѓето отсекогаш се стремеле кон новини, а стартапите се токму тоа – иновации што со текот на годините станаа клучен сегмент од светската економија. Отворија илјадници нови работни места, реализирајќи милионски приход и го збогатија пазарот на работна сила. Доколку размислувате да отворите свој сопствен бизнис, или, пак, веќе имате, Vincentwee споделува неколку факти би можеле да ви користат.
90% од стартапите пропаѓаат
Анализите покажале дека 9 од 10 нови стартапи пропаѓаат бидејќи најчесто не наравиле истражување на пазарот пред да го прикажат својот продукт, а дури потоа сфатиле дека пазарот нема потреба од нивниот бизнис.
Секои три секунди се отвора нов старт-ап
Статистиката покажува дека на секои три секунди се отвора нов старт-ап бизнис или 11.000 за период од еден час. Тоа значи дека дневно во светот стартуваат околу 250 илјади нови стартапи.
Стартапите повеќе не се финансираат од банки и фондови
Ако некогаш извор на пари беа банките и инвестициските фондови, сега стартапите имаат широк спектар на можности како би се финансирале, почнувајќи од бизнис ангели па се до crowdfunding, односно платформа за глобално финансирање. Една од најраспространетите платформи токму за таа намена е Kickstarter благодарение на којашто над 115 илјади бизнис идеи станале реалност.
Претприемачите дошле до идејата работејќи за други луѓе
70% од претприемачите дошле до идејата за свој бизнис додека работеле за некој друг. Истражувањата покажуваат дека голем дел од нив всушност започнале свој бизнис за да избегат од својот шеф.
Најчесто пропаѓаат информатичките старт-ап компании
Споредбено по индустрии, најчесто пропаѓаат старт-ап компаниите во информатичката индустрија. Бројките покажуваат дека, во просек, само 37% од овие компании останале на пазарот повеќе од четири години. Недвижнините, финансиите и осигурувањето се на врвот на листата на стартапи кои најмногу успеваат.
Поголема е веројатноста да успеат стартапите кои имаат двајца или повеќе основачи
Стартапите кои биле основани од двајца или повеќе лица кои ги комбинирале своите вештини имаат поголема веројатност да успеат. Во просек, кога основачот е само еден, му треба три ипол пати повеќе време за да успее во споредба кога станува збор за тим. Тимовите имаат дури и 30% поголема заработка отколку кога бизнисот го води само една личност.