Ikea и TaskRabbit го решаваат проблемот со монтирање на мебелот

72

ikeaФото: Pixabay

Пред неколку месеци Ikea, го купи стартапот TaskRabbit, компанија која им помага на корисниците преку својата апликација привремено да ангажираат работници за доставување на мебел, негово монтирање и чистење на нивните домови, пишува Business Insider.

Со цел компанијата да го реши проблемот со монтирање на мебел, TaskRabbit ги проширува своите услуги и за корисниците во неколку продавници на Ikea во Калифорнија, со најава за глобално проширување. За да ја искористат оваа услуга, купувачите треба да ангажираат tasker преку апликацијата TaskRabbit, нивната веб-страница или преку вработен во продавницата Ikea откако ќе ги купат производите.

Новата услуга им овозможува на продавниците на Ikea да се натпреваруваат со нивните ривали како Wayfair и Amazon. Сепак, TaskRabbit ќе продолжи да работи како независна компанија и ќе ги нуди своите услуги на други корисници.