Фото: Kickstarter
Suvie е повеќефункционален шпорет и фрижидер што комбинира четири различни намирници и ги приготвува во еден здрав оброк. Функционира поврзан преку WiFi.
Тимот со седиште во Кембриџ, Масачусетс, бил инспириран да создаде систем што ќе готви здрави оброци направени од свежи состојки за оние кои ретко имаат време за тоа.
Дел од пакетот е и услуга Suvie Smart Meals што ќе ви го олесни шопингот на домашни намирници, нивна подготовка, а потоа и приготвување порции за двајца до четири лица. Корисникот можете да порача и продукти што ќе му бидат доставени и дома.
Постои опција, освен рачно, да ја контролирате машината и преку мобилна апликација. Доколку, на пример, подоцна си дојдете дома, преку својот телефон можете да го одложите готвењето.
Може да функционира и како фрижидер, треба само да ставите четири различни состојки храна внатре, да додадете малку вода а потоа уредот ќе ви ги чува сè додека не посакате да бидат зготвени. Suvie го пресметува и точното време кога да почне да приготвува некоја од намирницте, а заштедува и до шест часа неделно.
Suvie има своја кампања на платформата за финансирање Kickstarter досега има собрано 335.000 долари од побараните 100.000. Кампањата трае уште 27 дена.