Македонија ја доби првата асоцијација за е-трговија

139

e-commerce

Започна со работа првата македонска Асоцијација за е-трговија чијашто цел ќе биде да ги поддржи интересите на компаниите за е-трговија, да придонесе кон знаењето за е-трговија и негово проширување вклучувајќи ги поврзаните услуги и технологии и да ги намали и елиминира бариерите што го ограничуваат растот и развојот на идустријата. Асоцијацијата ќе се занимава со лобирање, правна помош, тренинзи и истражувања и со тоа ќе се стреми да изгради поволна околина за раст на е-трговија во Македонија.

Првиот проект на којшто работи асоцијацијата е изготвување на сеопфатна анализа за состојбата со е-трговијата во Македонија и скенирањето на постоечката состојба на полето на е-трговијата. Првата прес конфенреција на која ќе се презентира анализата и програмата на асоцијацијата ќе се одржи на крајот на месец март. За претседател на првата асоцијација за е-трговија во Македонија е избрана Нина Ангеловска.

Основачите ги охрабруваат сите учесници во е-трговијата, вклучувајќи ги финансиските институции, инфраструктурните провајдери, софтверските компании, сите компании што нудат производи и услуги онлајн, организациите кои нудат формално и неформално образование, софтверските компании, макркетинг агенциите и останатите засегнати организации и компании да се придружат и да земат активно учество во асоцијацијата.