Сингапурскиот аеродром Changi е прогласен за најдобар аеродром во светот за 2013 година, од страна на компанијата Skytrax која ги следи и рангира перформансите на компаниите во авиоиндустријата.
Низ сингапурскиот аеродром секојдневно минуваат над 135.000 патници. Имајќи го во предвид фактот дека честото патување е стресно, тимот кој раководи со аеродромот се одлучи да создаде простор со многу отворени површини, зеленило и комфорни зони за одмор помеѓу летовите. Во рамките на аеродромот има голем број на дополнителни објекти, како градина со пеперутки, кровен базен, кино сали, хотели, спа центри.
Како изгледа сето тоа, може да видите подолу во приложената фотогалерија на Бизнис инсајдер.
Skytrax направи листа на најдобри 100, а ова се првите пет најдобри аеродроми во светот:
1. Changi аеродром Сингапур
2. Incheon интернационален аеродром (Јужна Кореја)
3. Schiphol аеродром Амстердам (Холандија)
4. Хонг Конг интернационален аеродром
5. Beijing Capital интернационален аеродром (Кина)