По 1.100 години Royal Mint добива жена за директор

45

13062221_1051290238278888_779944458492829505_n-580x580

Фото: Facebook

По 1.100 години, жена е конечно на чело на британската компанија Royal Mint. Новата извршна директорка е Ана Џесоп, која има работено таму речиси една деценија, пренесува  CNN.

Работата, којашто некогаш ја раководеше Исак Њутн, вклучува управување со 900 вработени  и производство на 90 милиони монети на неделно ниво.

“Можеби се чекаше повеќе од 1.000 години, но Royal Mint сега е конечно предводена од жена и јас сум сигурен дека Ана ќе направи одлична работа”, изјави Роберт Јенрик, официјален претставник во Министерството за финансии на Британија.

Една од првите задачи на Џесоп ќе биде да го надгледува воведувањето на новата монета од 50 пени, специјален дизајн што ја одбележува 100-годишнината од добивањето на правото на глас на жените во Британија.