Фото: Pixabay
Јапонскиот производител на автомобили Toyota ќе ги здружи силите со двајца свои добавувачи за да формира нова компанија посветена на истражувањето и развојот на возила со софтвер за автоматско возење, пренесува CNN.
Институтот за истражувања на Toyota планира да инвестира 2,8 милијарди долари со главна цел за развој на софтвер за автоматско возење. Toyota ќе поседува 90% од компанијата.
Новата компанија ќе вработува 300 работници, а подоцна се очекува бројката да се искачи на 1.000.