Фото: Youtube
Последно чудо во низата брзи возови е кинескиот Fuxing којшто може да достигне брзина и до 350 километри на час.
Возот е долг 415 метри, има 16 вагони и капацитет за повеќе од 1.100 патници. Транспортното средство е дизајнирано и во целост произведено во Кина а зад него стои компанијата CRRC Tangshan Co. Ltd.
Инаку, Кина има најголема железничка мрежа во светот, во вкупна должина од 22.000 километри, пишува Newsx.tv