ВИП со екстра 100 гигабајти интернет за корисниците

33

 

vip-1

ВИП ја претстави најновата понуда за пост-пејд мобилната телефонија. Со неа корисниците на услугите на овој оператор, покрај неограничените разговори, исто така добиваат и промотивен пакет со 100 гигабајти дополнителен интернет, којшто еднаш се активира и се користи до крајот на годинава.

Со ова, корисниците на ВИП, исто така, имаат можност да сурфаат без пречки, дури и откако ќе го потрошат месечниот интернет. Оваа понуда корисниците можат да ја добијат при изборот на една од новите Нео тарифи.

Веќе постоечките корисници на ВИП мобилна линија можат во промотивниот период на најновата понуда да активираат дополнителна Vip Neo линија, и притоа ќе добијат и дополнителни 1.000 денари попуст за нов телефон. Овој дополнителен попуст важи за корисници физички лица, кои ќе склучат нов договор на 24 месеци, а чија постојан мобилна линија е со најмалку три месеци до истек на договорот.

Заинтересирани за повеќе информации можат да се јават на 077 1234.