Фото: MINI
Британскиот производител на легендарните автомобили MINI, го претстави својот најнов модел, којшто е целосно електричен стои во соопштението на компанијата.
Mini Electric го комбинира историскиот изглед на омилениот мал автомобил во светот со нова технологија за урбана мобилност. Оригиналот од втората половина на 20-ти век станува симпатичен амбасадор за еколошка свест и форма на одржлива мобилност чија иднина само што започнала.
MINI Electric Concept беше објавен на саемот во Франкфурт во 2017 година и го отвори патот за првото целосно електрично возило на брендот, кое ќе биде претставено во 2019 година – токму на време за 60-годишнината од класичниот MINI. Целосно електричното возило во моментов е во развој, базирано на MINI 3 Door, а ќе се произведува за прв пат во фабриката на MINI во Оксфорд следната година.
Во 2008 година, брендот го претстави MINI E – врз основа на претходничкиот модел на сегашната MINI 3 Door, а околу 600 примероци беа произведени и користени во теренско испитување на секојдневни услови.