Labfresh – маица отпорна на дамки

Фото: Kickstarter

Labresh маичките одбиваат течности како црвено вино или сок од цвекло и може лесно да се исплакнат со вода. Маичките исто така многу брзо се сушат.

Labfresh се дело на старт-ап со седиште во Амстердам, Холандија, а за да се изработи оваа маичка користени се три од најиновативни текстилни технологии коишто никогаш досега не биле имплементирани  во 100% памучен производ.

Моментално производот доаѓа во три бои, сива, бела и црна.

Производот има своја кампања на Kickstarter и досега има собрано 136.146 илјади долари, од потребните 18.546 илјади долари, а кампањата трае уште 20 дена.

Потребните 18.546 илјади долари биле собрани за рекордни 4 часа од објавувањето на кампањата.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во јули оваа година.