Робот состави столчe од Ikea за 20 минути

44

Фото: Youtube

Професорот Фам Куанг Куонг и неговиот тим од Факултетот за машинско и воздушно инженерство во Сингапур, создадоа робот којшто самостојно може да состави мебел од Ikea.

Роботот има 3D камера и две роботски “раце“ со специјален механизам за составување на предметите.

За самостојно да ја заврши задачата на роботот му биле потребни 11 минути и 21 секунда за планирање на движењата коишто треба да ги направи, три секунди за наоѓање на деловите, а потоа за 8 минути и 55 секунди го составил столчето.

Оваа технологија е развиена на универзитетот NTU во Сингапур.

.