Фото: UToronto (Навид Хакими)
Научници од Универзитетот во Торонто направија 3D печатач на кожа којшто создава ткиво на лице место за помалку од две минути, пишува UToronto.
Овој нов преносен печатач наликува на селотејп, но наместо класичната лента за лепење има микро направа што формира слоеви на ткиво. Печатачот нанесува еден вид на биомастило составено од биоматеријали базирани на протеини како колаген и фибрин, коишто одат заедно до слоевите на ткивото во вертикални линии.
Колагенот е најраспространетиот протеин во кожата, додека фибринот помага во заздравувањето на раните. Според Навид Хакими главниот “виновник“ за изумот печатачот има потенцијал да се излечи рани кај оштетени ткива на пациенти.
Во споредба со останатите овој рачен печатач е голем колку мала кутија за чевли и тежи помалку од еден килограм. Апаратот бара минимална обука за управувачот и ги елиминира фазите на перење и инкубација кои повеќето биопечатачи ги имаат.
Работата на тимот не е завршена. Тие имаат за цел да додадат повеќе карактеристики на печатачот и планираат да извршат клинички тестови со луѓе во иднина.