Автомобилите Mini Countryman пред крајот на оваа година ќе почнат да се произведуваат во фабриката на BMW во Индија.
Од компанијата велат дека на преселба на производството на Mini, кој моментално се склопува во Британија и Австралија, се одлучиле во согласност со својата “производството го следи пазарот” стратегија.
BMW ја опиша Индија како се позначаен пазар за оваа групација. На индискиот пазар Mini почна да се продава минатата година и во првата година се продадени преку 300 автомобили.